Македонија

Воздушните и копнените поврзувања на Грција со Македонија остануваат затворени до 15 август

Прекинот на воздушните и морските поврзувања на Грција со Северна Македонија, Албанија и Турција, како и одлуката што се однесува на копнените граници се продолжуваат до 15 август 2020 година, соопшти попладнево заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што претходно објави МИА, денеска истекува одлуката од 15 јули за привременото ограничување на сите авионски, железнички и копнени поврзувања со Северна Македонија, Албанија и Турција, која сега е продолжена за уште 15 дена. 

.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни