За сите оние кои тргнуваат од Скопје кон Велес, или во обратен правец, АМСМ препорачува внимателно возење поради појава на утринска магла, по што видливоста е намалена.
„Намалена видливост поради појава на магла во раните утрински часови од 100 – 150 метри има на патниот правец Скопје – Катланово, а до 100 метри на патните правци Катланово – Велес и Велес – Катланово.“, велат од АМСМ.
