Македонија

Возило излетало од патот Ресен-Охрид

Возило излетало од патот Ресен-Охрид

Вчера во 13.40 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на магистралниот пат Ресен-Охрид, во близина на клучката за селото Куратица, охридско, Д.Н.(33) од ресенското село Јанкоец, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со ресенски регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал од патот.

Возачот и сопатникот Д.Р.(28) од истото село биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде што кај Д.Н. биле констатирани телесни повреди, додека кај Д.Р. констатирани се тешки телесни повреди.

По овластување на Јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, соопшти полицијата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни