Повеќе лица се повредени за време на настанот „Прајд“ во Берлин, соопшти полицијата, по извештаите дека возило удрило во толпа луѓе во центарот на градот.
Во тек е интензивна потрага, велат од полицијата, апелирајќи до граѓаните да ја избегнуваат оваа област.
На повредените им се укажува помош од страна на службениците за итна медицинска помош во близина на паркот Тиргартен, каде што се случил инцидентот, додаваат од полицијата.
Годишниот „Прајд“ настан, Кристофер Стрит Деј (Christopher Street Day), е откажан.
„Веруваме дека возило влегло во паркот Тиргартен, при што удрило во повеќе луѓе и ги повредило“, објави полицијата на социјалните мрежи.
Снимките покажуваат големо присуство на службениците за итна помош на местото на настанот, каде што се гледа како едно лице на носила се внесува во возило на итната помош.
Претходно во саботата, огромна толпа луѓе учествуваше во парадата низ градот, која заврши во близина на паркот каде што беа предвидени серија настани за вечерта.