Во несреќата која се случи денеска во Нови Сад на железничката станица има жртви. Несреќата се случила околу 12 часот.
На снимката од камерите се гледа дека граѓаните мирно седат и чекаат превоз, кога старата настрешница која датира од 1964 година и која се уште не е реновирана, а која била планирана за реконструкција, во миг се урна!
Екипи на Брза помош и полиција, како што неофицијално дознаваме, повредените кои успеале да ги извлечат од под урнатините влегле во холот на железничката станица и им се укажува помош.
View this post on Instagram
Од Итната помош велат дека во моментов не можат да зборуваат за бројот на повредени и за степенот на повредите, бидејќи интервенциите се во тек. Екипата на РТВ е пред Ургентниот центар каде повредените се пренесени во тешка состојба. На секои пет минути пристигнува брза помош со повредени, јавува репортерот на РТВ.
На терен се полицијата и припадници на Жандармеријата.
Седум возила на брза помош се на местото на несреќата, додека противпожарните екипи се обидуваат да стигнат до луѓето под урнатините.
