Видео снимка од автомобил кој удира дете на пешачки премин и го напушта местото на настанот објави регионалната телевизија М-нет.
https://twitter.com/VorrennN/status/1556045450800574466?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1556045450800574466%7Ctwgr%5E54545078407beb1c5d69bbe7938b92d9d72fec6e%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Finfomax.mk%2Fd0b2d0bed0b7d0bdd0b5d0bcd0b8d180d183d0b2d0b0d187d0bad0be-d0b2d0b8d0b4d0b5d0be-d0b2d0bed0b7d0b0d187-d0b2d0be-d188d182d0b8d0bf-d183d0b4%2F
Тие на својата веб страна исто така посочуваат дека „несовесен возач со возило удира дете во близина на градскиот пазар во Штип, а од безбедносните камери се гледа дека барем во првите моменти го напушта местото на настанот. Се чини дека за среќа детето не е повредено. Граѓаните бараат да се преземат превентивни мерки на оваа улица, за ограничување на брзината на возење“.
Воедно од телевизија М-нет споделуваат дека веќе е откриен сторителот на прекршокот, против кој МВР презела мерки и е покренато обвинение.
Се работи за сообраќајна незгода случена на 26.07.2022 на ул.”Сутјеска” во Штип каде возачот со возилото удира во пешак дете и го напушта местото на настанот. Веднаш се преземени мерки и активности и по брзата интервенција на штипската полиција пронајдени се возачот З.А.(62) од Штип и возилото кое го управувал и удрил во малолетниот пешак, нанесувајќи му телесни повреди. Случајот е расчистен и против З.А. до Основното јавно обвинителство поднесена е соодветна кривична пријава за сторени кривични дела – се наведува во соопштението од СВР Штип.