По 146 години, возраста за полнолетство беше намалена од 20 на 18 години со промена на граѓанскиот законик во Јапонија.
Јапонија ја намали возраста за полнолетство на 18 години, која беше поставена на 20 години од царската влада во 1876 година и влезе во граѓанскиот законик во 1896 година.
По законските измени што ќе стапат во сила од 1 април во земјава, ќе настанат нови законски обврски за 18 и 19 годишната популација.
Луѓето кои не биле кривично гонети за други кривични дела освен за убиство, може да бидат кривично гонети и за кривични дела како кражба или силување со намалување на возраста за полнолетство. Ревизијата ќе го отвори и патот за објавување на целосните имиња и лица на 18 и 19-годишни криминалци во медиумите.
Во земјата каде мажи на возраст од 18 и повеќе години и жени на возраст од 16 и повеќе години можат да стапат во брак со родителска согласност, законската минимална возраст за брак за жените ќе биде 18 години со измената на граѓанскиот закон. Од друга страна ќе продолжи забраната за алкохол, пушење и обложување за лица до 20 години.
Нема да влијае на гласањето
Во Јапонија, каде што возраста за гласање е 18 години, најновото законодавство нема да влијае на гласањето.
Некои луѓе се загрижени
Измената на законот, која има за цел активно учество на 18 и 19-годишната популација во државата во општествениот живот, некои сегменти ја дочекуваат со загриженост, бидејќи исто така им го отвора патот на младите да потпишуваат потрошувачки договори без родителска согласност. Се смета дека младата популација полесно може да стане мета на измамници.