Град Скопје вчера најави дека ќе има зголемена цена за вработените на скопските клиники. Тие наместо досегашните 300, од сега ќе плаќаат 800 денари. Затоа денеска вработените со поддршка на синдикатот, утринава за време на паузата, вработените во скопските клиники одржаа протест.
Тие истакнаа дека ја разбираат потребата пациентите да имаат приоритет, но дека треба да биде обезбеден паркинг и за вработените, ако треба и посебен од оние каде што се паркираат пациентите.
Вработените велат дека поскапувањето ќе влијае на нивниот буџет. Следниот чекор е блокирање на наплатните места за користење на паркингот.
Градоначалникот Шилегов очекува со оваа мерка да се регулира сообраќајниот хаос во кругот на кличничкиот центар.
