Свет

Вратата на Европскиот парламент е затворена за руски и белоруски претставници

Вратата на Европскиот парламент е затворена за руски и белоруски претставници

Претседателката на Европскиот парламент (ЕП) Роберта Мецола објави дека на руски и белоруски дипломати и владини претставници им е забранет влез во зградите на ЕП.

Во својата објава на Твитер, Мецола рече: „Од денеска на рускиот и белорускиот дипломатски и владин персонал им е забранет влез во зградите на ЕП. Нема место за оние кои сакаат да го урнат демократскиот поредок во парламентот на демократијата“.

ЕУ објави четири пакети економски санкции од почетокот на руските напади врз Украина, насочени кон некои руски функционери, олигарси и милијардери, меѓу кои и рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

ЕУ, исто така, објави финансиски санкции против Белорусија надвор од сегашниот режим на санкции.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни