Вратени надлежностите на Таравари, „Власта девет месеци со блокада на образованието во Гостивар“

На општина Гостивар конечно и се враќаат надлежностите во образованието, конкретно правото на градоначалникот да разрешува или именува директори на училиштата. Ова право му беше одземено во февруари оваа година. Од општина Гостивар ја обвинија владата дека цели 9 месеци го запоставила образованието во оваа општина.

„Од владата на флагрантен начин не се почитува волјата на граѓаните на Гостивар, што претставува недемократски чин. Го прашуваме министерот за образование, каде беше 9 месеци во текот на преземањето на надлежностите. Зар немаше време барем еднаш да го посети Гостивар и да види во каква состојба се училиштата таму. Како општина ќе се ангажираме да имаме професионалци а не партизирано образование со партиски војници како што е случајот сега во општина Гостивар“, вели Аслихан Снопче – одговорна за образованието во Општина Гостивар.

Се вчитува...

Извор: ТВ21