Македонија

Времето денеска и какво време не очекува до крај на месец февруари

Времето денеска и какво време не очекува до крај на месец февруари

Во Македонија во вторник посвежо утро со температури од 1 до 7 степени, во текот на денот ќе преовладува претежно умерено облачно време со сончеви периоди и топло време. Максималните дневни температури ќе достигнат од 7 до 16 степени. Во среда и четврток по студеното утро со пад на утринските температури кои што ќе се движат во интервал од -2 до 5 односно од -4 до 3 степени, во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност и надпросечно топло време за овој период од годината. Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 7 до 16 односно од 8 до 17 степени. Во Македонија во петок по студеното утро со температури од -3 до 4 степени, во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност и дневни температури кои што ќе достигнат од 8 до 17 степени.

Во сабота (17.02), недела (18.02), понеделник (19.02) и вторник (20.02) – Во Македонија ќе преовладува умерено облачно време со услови за повремени и слаби врнежи од дожд. Температурите ќе бидат над повеќегодишниот просек за овој период од годината. Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 4 до 12 степени.

Во периодот од 20 до 29 февруари во Македонија ќе се очекува надпросечно топло време со температури кои што ќе бидат за 3 до 6 степени над повеќегодишниот просек за овој период од месец февруари. Во овој период од месец февруари се очекува и зголемено количество на врнежи, односно во овој период се очекуваат во Македонија да наврнат од 25 до 45 литри дожд.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни