Времето денеска облачно со врнежи од дожд – еве какво ќе биде следните денови

Променливо облачно со врнежи од дожд, кои најдолго ќе се задржат во источните делови каде на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Се вчитува...

Во останатите подрачја се очекува врнежите да престанат до пладне или рано попладне, но преку целиот ден на повеќето места ќе има зголемена облачност.

Ќе дува умерен, а во источните делови засилен јужен ветер.

Утринската температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а дневната од 17 до 24 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен јужен ветер. Утринската температура ќе биде околу 13, а дневната ќе достигне 19 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од сабота следува период на стабилно време, освен во недела во западните делови каде е можен слаб локален дожд. Ноќите ќе бидат студени, а дневната температура до понеделник ќе биде во опаѓање, а потоа ќе расте.

.

Извор: ТВ21