Вселенскиот дрон на американската армија X-37B слета во вселенската база Кејп Канаверал во Флорида, откако помина речиси две и пол години во орбитата, објави Боинг, пренесе Франс прес.
Беспилотното возило, чиј прв лет беше во 2020 година, помина повеќе од 10 години во вселената за време на вкупно 6 мисии.
„Дронот продолжува да урива рекорди и да и дава на нашата земја неспоредлива можност за тестирање и брзо интегрирање на новите вселенски технологии“, рече Џим Чилтон, потпретседател на вселенскиот оддел во Боинг.
Вселенскиот дрон X-37B е дизајниран за американските воздухопловни сили со заедничко вложување помеѓу Боинг и Локхид Мартин. Долг е девет метри, има распон на крилата од 4,5 метри и се напојува од соларни панели.
Долго време Пентагон ги чуваше во тајност целите на мисиите на дронот, но во 2020 година, како што се наведува, ќе спроведе серија научни експерименти за тестирање на реакцијата на одредени материјали во вселената, ефектот на зрачењето во вселената врз различни семиња и конверзија на сончевото зрачење во радиоелектрична енергија.