Свет

Вселенско летало што требаше да го спаси телескопот на НАСА падна на Земјата

Вселенско летало што требаше да го спаси телескопот на НАСА падна на Земјата

По неуспешен обид да се спаси остарениот вселенски телескоп „Свифт“ на НАСА, вселенското летало „Линк“ влезе во Земјината атмосфера и изгоре, со што заврши спасувачката мисија вредна 30 милиони долари, соопшти компанијата „Каталист Спејс Текнолоџис“.

Во петок, на 25 септември, речиси три месеци по лансирањето на 3 јули, „Линк“ падна на Земјата по неуспешен обид да ја издигне орбитата на старото набљудувалиште на НАСА „Свифт“, објави научниот портал „Физ.орг“. Очекува се и самата опсерваторија, која со месеци полека се спушта поради зголемена сончева активност, да навлезе во атмосферата на почетокот на ноември.

Задачата на „Линк“, опремен со специјални роботски раце, беше да го подигне 22-годишниот телескоп „Свифт“ во повисока орбита и да му го продолжи работниот век, за да продолжи со истражувањето на најмоќните експлозии во вселената. Во очекување на пристигнувањето на леталото, научниците на НАСА привремено ги запреа научните активности на опсерваторијата за да се избегне предвремено повторно навлегување во атмосферата.

Набргу по полетувањето, „Линк“ се соочи со електронски дефект, ја загуби ориентацијата и накратко ја прекина врската со контролниот центар. Иако тимот успеа да ја стабилизира платформата и да ја обнови комуникацијата, резервите на гориво не беа доволни за завршување на задачата, па мисијата беше официјално откажана во август.

Опсерваторијата „Свифт“, проценета на 364 милиони долари, повторно е ставена во работа и во наредниот месец ќе продолжи да ги проучува изблиците на гама-зраци, суперновите и други астрономски појави додека нејзината орбита дополнително опаѓа.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни