Втор мандат на Заев за премиер – справување со ковид кризата во фокусот на старо-новата Влада

Од вкупно 113 пратеници кои гласаа, 62 дадоа зелено светло, а 51 беа против предложениот состав за нова Влада. По гласањето следуваа овации.

Се вчитува...

„Констатирам дека Собранието избра Влада на Република Северна Македонија.“, рече Џафери.

На ова во законодавниот дом му претходеше дводневна жешка дебата. За опозицијата мандатарот е топ-шоп, а за Заев пак тие се дормео опозиција.

„И да се согласувам со една работа со топ-шоп мандатарот Заев ќе донесе предвидливост. Ќе донесе предвлидливост во една работа, е тоа што до сега и ја оплакавте мајката на државата, предвидливоста е во тоа што не само што сакате да се распарчите, сакате да ја уништите, ама нема да ви дозволиме и ви следуваат најтешките денови додека сте на власт.“, рече Јанушев.

„Немате право да лупате по говорницата, немате причина да удирате по говорницата“, рече Џафери.

„Веројатно е тешка помислата дека уште 4 години треба да бидете опозиција, нема топ-шоп Влада има дормео опозиција“, истакна Заев.

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Дафкова имаше проблем со времето, па 10-те деловнички минути за говор ѝ беа малку.

Г.С.Д: И мора да се соочиме со тоа.
Т.Џ: Благодарам!
Г.С.Д: Што благодарам?
Т.Џ: Ви заврши времето, 10 минути имавте за говор, мислев дека сте го читале деловникот, 10 минути имате за збор
Г.С.Д: Сигурни сте дека 10 минути поминаа?
Т.Џ: Имам саат нема што јас да бидам сигурно, има таму мерач.

На крајот на денот, сите нови министри поднесоа заклетва дека ќе работат чесно и одговорно. При читањето на заклетвата, првиот човек на законодавниот дом Талат Џафери го употреби старото име на државата, но при повторувањето од страна на министрите го користеа Република Северна Македонија.

По ова следуваа честитки и поздрави во разни форми.

Па традиционалната фотографија на влезот во Собранието, но овој пат различна од претходно. На дистанца и со маски… кои пак подоцна решија и да ги издават.

З.З: Ако сте готови да ги тргнеме маските, за без маска…
-Не не!
З.З: Кој тоа вели не?

Завршија со прашање од првиот човек на новата Влада.

З.З: Спремни сте за работа?
-Да

„Уште во првите месеци од мандатот новата Влада ќе обезбеди механизми за структурни реформи во јавната администрација, но и во делот на владеење на правото преку прочистување на судството и градење на силна, независна правна држава.“, изјави Заев.

.

Извор: ТВ21