Досегашната министерка за надворешни работи Марија Габриел од партијата ГЕРБ ќе биде новата бугарска премиерка, откако Николај Денков поднесе оставка на 5 март.
Неговиот потег му овозможи на ГЕРБ да формира влада на девет месеци, како што беше договорено по минатогодишните избори.
Мандатот за формирање влада од шефот на државата го зема кандидатката за премиер Марија Габриел.
„Го прифаќам мандатот во име на ПГ на ГЕРБ-СДС со чувство на одговорност за фактот дека на Бугарија и е потребна стабилност заснована на јасни принципи, јасна одговорност и еднаквост на оние кои одлучуваат за судбината на Бугарија. Затоа, ве молиме да споделиме уште неколку работи со вас“, додаде Габриел, по што Радев побара од медиумите да си заминат.
Во салата „Дондуков“ присуствуваа премиерот во заминување Николај Денков и копретседателот на „Продолжуваме со промените“ Кирил Петков.
