Свет

Вториот обид на Северна Кореја да лансира истражувачки сателит не успеа

Вториот обид на Северна Кореја да лансира истражувачки сателит не успеа

Северна Кореја потврди дека нејзиниот втор обид да лансира воен истражувачки сателит исто така не успеа, но најави дека ќе направи уште еден обид во октомври.

Поради неуспешното лансирање, Јапонија издаде кратко предупредување со наредба на некои жители да се евакуираат на безбедни места додека севернокорејската ракета прелета над јапонскиот остров Окинава и во Тихиот Океан.

Севернокорејската вселенска агенција соопшти дека грешката се случила за време на третата фаза на ракета што носела извидувачки сателит, објави Ројтерс.

Националната аеронаутичка и вселенска администрација објави дека ќе направи трет обид за лансирање во октомври.

Осуди на светските сили

Војската на Јужна Кореја соопшти дека лансирањето на ракетата ги прекршило резолуциите на Советот за безбедност на ОН со кои и се забранува на Северна Кореја секое лансирање со балистички ракети.

Главниот секретар на јапонскиот кабинет Хироказу Мацуно рече дека лансирањето претставува закана за мирот и стабилноста.

Портпаролката на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Адриен Вотсон, рече дека САД го осудуваат лансирањето на Северна Кореја, кое вклучува технологии директно поврзани со нејзината програма за интерконтинентални балистички ракети.

Северна Кореја го лансираше својот прв воен извидувачки сателит на 31 мај, но ракетата падна во Жолтото Море, објавија тогаш севернокорејските државни медиуми.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни