Претседателот на Србија претходно денеска учествуваше на сесијата „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“, во рамки на Форумот во Давос.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска за време на учеството на Светскиот економски форум во Давос разговараше со премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.
„Одлична можност да разговараме за билатерални прашања со Абазовиќ за време на Светскиот економски форум, но и да го поканиме уште еднаш да ни се придружи на состанокот на иницијативата „Отворен Балкан“ во Охрид“, напиша Вучиќ на Инстаграм со фотографии со Абазовиќ.