Српскиот претседател Александар Вучиќ објави фотографија на својот Инстаграм профил со министерот за јавни инвестиции Дарко Глишиќ, кој е во болница на лекување по тежок мозочен удар што го претрпе за време на гостувањето на Пинк телевизија.
„Дарко непоколеблив“, напиша Вучиќ покрај фотографијата.
Врз основа на фотографијата, може да се заклучи дека Глишиќ е свесен.
Вучиќ го држи за едната рака, додека Глишиќ ја држи другата подигната, во тупаница, и се насмевнува.
Претседателот, како што може да се види на фотографијата, нема никаква заштитна опрема, освен маската што ја држи во раката.
