Вучиќ: Не е фер што годинава работев три дена помалку од лани, а сега имам поголема плата

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска откри дека годинава работел помалку отколку лани, истакнувајќи дека, иако ја зголемил својата плата, тоа не му изгледа фер.

Во интервју за Радио телевизија Србија (РТС), Вучиќ објасни дека оваа година има работено три дена помалку и дека до крајот на годината планира да „надополни“ еден работен ден. Како што посочи, минатата година имал многу посилно ангажирање. „Ќе морам да работам многу повеќе и да се бориме посилно, посебно за да го реализирам проектот за Експо 2027“, додаде претседателот.

Се вчитува...

Во однос на апелот на Комитетот за заштита на новинарите од Њујорк, кој побара од властите во Белград да преземат мерки за заштита на новинарите кои известуваат од протестите во Србија, Вучиќ коментираше дека оваа реакција ја гледа како обид за притисок врз независноста на земјите. Според него, оваа невладина организација е поддржана од американската влада и не е објективна, бидејќи не ги осудува нападите врз новинарите на српскиот медиум „Информер“, бидејќи не ги застапуваат интересите на САД.

Претседателот изрази надеж дека ситуацијата ќе се подобри со изборот на новиот американски претседател Доналд Трамп.