Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, замина во најавена посета на Москва, каде што требаше да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, но авионот со кој лета мораше принудно да слета во Азербејџан поради војната во Украина и дејствијата на борбените средства во воздушниот простор!
Патот кон Москва затворен, борбените операции го блокираа летот!
Авионот на претседателот на Србија не можел да оди понатаму на територијата на Русија поради безбедносни ризици – вклучително и ефектите од системите за противвоздушна одбрана и можноста за пресретнување на авионот во зоната на конфликтот, пренесува Информер.
Со оглед на зголемената тензија и воените операции кои моментално се спроведуваат во Источна Европа, летот за Москва беше прогласен за небезбеден, а претседателската делегација беше запрена во Баку, главниот град на Азербејџан.
Во меѓувреме, Украина ја нападна Москва со беспилотни летала трет ден во средата, принудувајќи ги повеќето аеродроми во руската престолнина да се затворат токму кога кинескиот претседател Си Џинпинг требаше да пристигне за да ја одбележи победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.