Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во дневникот на телевизија Пинк зборуваше за приведувањето на Северина на граница.
„Денес во Србија нема никој што не реагирал од политичките партии и таканаречената демократска јавност. Затоа што има некој пејач кој вели дека Србија е геноцидна земја и дека јас сум диктатор и кој знае дека Србите се криминалци, но таа сака да зема пари, тие молчеа, ниту една комуникација не излезе за Немања Бериќ, тој 15 дена беше тепан и малтретиран“.
Потсетуваме, на Северина по разговорот и беше дозволен влез во Србија, но се врати во Хрватска. „Срби, ве сакам… и сакам што побрзо да станете демократски. Но, никогаш повеќе нема да дојдам во Србија додека овој човек не си замине од власт. Сите знаеме кој е тој“, рече Северина.