Вучиќ се огласи за враќањето на војниот рок: „Ги сослушав аргументите, потребно е…“

Иницијативата за враќање на воениот рок дојде од Генералштабот на војската на Србија.

Претседателот на Србија денеска присуствува на презентацијата на резултатите од анализата на капацитетите на српските вооружени сили во Домот на гардата во Топчидер.

На настанот присуствуваа и претседателот на Србија, премиерката Ана Брнабиќ и претседателот на Република Српска Милорад Додик.

Претседателот се осврна и на иницијативата на Министерството за одбрана и Генералштабот за враќање на воениот рок.

– Генералштабот и министерот за одбрана изнесоа убедлив аргумент дека треба да се врати задолжителната воена служба, но треба да се исполнат многу финансиски, логистички и други претпоставки, до 1 мај да ми ги достават сите предлози, потоа ќе работам со воениот кабинет и Генералштабот, со Владата на Србија да седнат и да видат, а доколку има позитивна одлука би отишле пред српското Собрание – рече Вучиќ.