Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека сè уште нема вести од САД во врска со Нафтената индустрија на Србија и дека утре по тој повод ќе биде организиран голем состанок.
Вучиќ рече дека Србија е пред тежок период, но дека земјата се подготвила за него.
„Немам никакви вести, не верувам дека ќе има. Тежок период е пред нас, но се подготвивме. Утре имаме голем состанок во 11:30 часот, дотогаш треба да ги подготвиме сите потези, па ќе ве информираме што правиме“, изјави Вучиќ за новинарите во селото Толиќ кај Мионица, каде што е во посета на семејството Јанковиќ, кое има фарма за одгледување и производство на живина и јајца за јадење.
