Вучиќ на предизборниот митинг се осврна и на теми како Украина, НАТО, падот на дронот во центарот на Загреб, но и подготвеноста и опремата на српската армија.
– Тоа што се случи во Загреб не можеше да и се случи на Србија, тој авион ќе го соборевме за пет минути – рече Вучиќ.
Вучиќ на предизборниот митинг се осврна и на теми како Украина, НАТО, падот на дронот во центарот на Загреб, но и подготвеноста и опремата на српската армија.
За падот на дронот во Загреб коментираше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој се претпоставува дека дошол од Украина, пренесува Курир.
-Гледам повторно како разговараат за тоа како треба да бидеме дел од НАТО. Мислам дека тоа не треба да биде така. Имаме своја војска и ќе ја чуваме сопствената земја и сопственото небо. Од военото раководство добив уверување дека тоа што се случи во Загреб ќе ни одземе само пет минути и дека ќе соборат такво летало. Затоа што денес имаме нешто, имаме дежурни МиГ и системи за противвоздушна одбрана. Се гордеам со тоа, а тоа е ваша заслуга – рече Вучиќ.