442 граѓани на Македонија докажале дека имаат бугарско потекло и така добиле покрај македонското и бугарско државјанство, објави БТВ по податоци добиени од Министерството за Правда.
Од 2007 до 2022 година пак 87.006 граѓани го направиле истото.
Претседателот Румен Радев вели дека ветото треба да остане се додека не добијат јасни гаранции.
„Не смеат јавно да се изјаснат како Бугари, оти тука кај нас докажале со документ за потекло дека се Бугари. Тоа значи дека Бугарија треба да продолжи со политиката на вето за старт на преговори за членство додека не добиеме јасни гаранции“, изјави бугарскиот претседател Румен Радев.
Премиер на Бугарија Кирил Петков вели дека нема дата на која ќе падне ветото кон Скопје.
„Се зависи од тоа какви резултати ќе постигнеме заедно. Не работиме со календари. Имаме јасни цели кои ги бараме. Да видиме што ќе влезе во преговарачката рамка“, рече бугарскиот премиер Кирил Петков.