Македонија

За 5 работни места се пријавил под 3 различни националности – бил Ром, па Турчин, па Македонец – има ли смисла балансерот во администрација?

Антикорупциска бара да се укинат вработувањата по етничка припадност. Тие тврдат дека законот се злоупотребува, а за тоа институциите молчат.

Според комисијата за спречување корупција, кандидатите лажеле за својата етничка припадност само да го добијат вработувањето. Така, двајца се вработиле и во антикорупциска, јавува Сител.

„Еден кандидат аплицира на пет работни места и на три работни места во истиот оглас се изјаснува различно, онака како што се бара во огласот. Еднаш македонец, па Албанец, па Ром. Другиот кандидат, се изјаснува како Турчин. По проверка на сите податоци, произлегува дека тие се актуелно вработени во јавниот сектор и веќе еднаш се изјасниле за својата етничка припадност, едниот како Македонец, другиот како Албанец“, изјави Нури Бајрами, член на ДКСК.

Од антикорупциска твдат дека тие не се единствени случаи кога кандидатите менуваат етничка припадност за да го добијат работното место.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни