За 83% минатата недела е зголемен бројот на заразени со коронавирус во Македонија

Бројот на позитивни случаи од направени тестови минатата недела е зголемен за 83%, покажуваат податоците од Министерството за здравство, кои ги анализираше ТВ21.

Се вчитува...

Најголем број на заразени се забележани на 10.10. кога е и рекордниот број од 393 лица за само 24 часа.

Предложените мерки утре на гласање

Во текот на утрешниот ден Владата ќе заседава и ќе одлучи кои од мерките кои минатата недела ги предложи Комисијата за заразни болести ќе ги прифати, а кои одбие.

Минатата недела Комисијата за заразни болести ѝ предложи на Владата да усвои:

  • Задолжително носење на маска на отворено
  • Забрана за групирање на јавен простор по 22 часот
  • Ограничувањето на можноста на гости да ви дојат повеќе од 4 лица

Нови мерки?

Високиот процент на заразени во изминатите 24 часа кој изнесува дури 22,7% ќе се разгледува на утрешната седница наутро која ќе ја одржи Комисијата за заразни болести.

Бидејќи бројот на заразени е многу висок, нема да биде изненадување доколку во текот на утрешниот ден има и нови рестриктивни мерки за кои пак се зборуваше пред неколку денови.

Тоа е ограничување на работата на угостителските објекти до 22 часот, како и намалување на капацитетот на јавниот превоз.

.

Извор: ТВ21