Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук денеска најави дека планира да ги евакуира цивилите од опколените делови на Украина преку седум хуманитарни коридори.
Еден од тие коридори е планиран за опустошениот јужен град Мариупол, но Верешчук рече дека ќе биде ограничен на приватен превоз надвор од градот, а не на автобуси.
Верешчук рече дека има планови да се користат автобуси за евакуација на жителите на Мариупол од градот Бердјанск.
Како што објавивме, Црвениот крст се мачи во обидите да ги евакуира луѓето од Мариупол, каде што се верува дека се заробени околу 160.000.
Претходно агенцијата соопшти дека ќе направи уште еден обид денеска да им помогне на луѓето да си заминат, откако вчера не успеа да добие безбедносни гаранции за 54 автобуси што сакаше да ги испрати во градот.