Понеделник 225, Вторник 317 заразени со коронавирус, стои во извештаите кои се објавуваат следниот ден. Вака, вкупната бројка на ковид дијаностицирани пациенти за само два дена изнесува 625, што повеќе од половина од вкупниот број на заразени минатата недела, покажува анализата која ја направи ТВ21.

Центар и Аеродром со над 200 заразени
Скопските општини Центар и Аеродром имаат над 200 активни случаи на Ковид-19, покажуваат денешните бројки. Во овие две општини има најмногу заразени, а потоа следуваат Карпош, Гази Баба и Кисела Вода.
Состојбата со активни случаи по скопските општини изгледа вака:
- Чаир – 66
- Гази Баба – 126
- Аеродром – 208
- Карпош – 180
- Центар – 210
- Кисела Вода – 131
- Ѓорче Петров – 93
- Бутел – 49
- Шуто Оризари – 15
- Студеничани – 4
- Сарај – 14
- Арачиново – 5
- Илинден – 31
- Сопиште – 3
- Чучер Сандево – 4
- Петровец – 8
- Зелениково – 3
- Странец – 10
- Нераспределен-6
Влегуваме во есенски бран
Министерот за здравство Венко Филипче, изјави дека со вчерашната повторна висока бројка на новозаболени, станува јасно дека влегуваме во очекуваниот есенски бран.
„Иако, многумина не веруваа во најавите дека тој ќе се случи, сепак се докажува дека очекувањата беа реални. Цела Европа во моментов се соочува со нова криза и во повеќе земји има силни рестрикции и нови мерки. Разбирам дека кај сите има голем замор од оваа состојба и дека буквално ви е преку глава од коронавирусот“, вели министерот за здравство, Венко Филипче.
Од понеделник се укинува PCR тестот на граничните премини
Северна Македонија ги отвори вратите за земјите од регионот. Од 12 октомври граѓаните од Косово, Србија, Црна Гора и БиХ,, ќе можат да влезат во нашата држава без ПЦР тест.
Според Комисијата за заразни болести немало многу нови случаи со Ковид-19 кој биле увезени од регионот кај нас. Информацијата ја соопшти Премиерот, Зоран Заев, по завршувањето на седницата.
Се очекува и Косово, Србија, Црна Гора и БиХ да донесат ваква одлука за непречено движење на граѓаните на РСМ во нивните држави.
.
