Македонија

За двајца министри ќе се бара одговорност? – Во работно време и со службено возило промовираа партиска агенда

Антикорупциска најави дека ќе побара одговорност за двајцата министри кои во работно време и со службено возило отидоа до партиското седиште да одржат прес конференција. Министерот за животна средина Насер Нуредини а претходно и министерот за надворешни работи Бујар Османи наместо да ја вршат својата работа како министри тие ја промовираа изборната агенда на ДУИ. ТВ 21 го праша министерот Нуредини дали злоупотребува државни ресурси за партиски цели.

„Најнапред ќе се обидеме да ги добиеме нивните изјави дека да, навистина возилото е користено за партиски активности во време на изборниот процес и доколку е така како што имавме и во претходните изборни циклуси примери ќе испратиме до Владата иницијатива за поведување одговорност на функционери кои што го злоупотребиле односно го користеле службеното возило за партиски цели“, истакна Билјана Ивановска.

До Антикорупциска има стигнато и пријава на злоупотреба на службена положба односно користење на службено гориво во приватни автомобили, а членовите на комисијата упатуваат и на тоа што постојано има скриен начин на водење предизборна кампања. Сепак се жалат дека за тоа нема санкции.

„Досегашниот Изборен законик ниту прекршочни одредби по член 8-б прекршување. А за кривични санкции ако упатите тоа ќе трае со години и ќе помине мандат и ред други работи додека дојде тоа да се процесуира во судовите. Така што имаме нефункционални, непрактични законски решенија меѓутоа, најголемиот проблем е што самите не ги почитуваме законските решенија што се носат“, додаде Катица Николовска.

Антикорупциска комисија имаше и претходно голем број забелешки кон власта во делот на водењето предизборна кампања, но исто така и кога и премиерот и министрите одат во таканаречено увид во работите и на тој начин промовираат проекти.

ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни