За една работа не сакал ни да слушне – откриени детали од последниот разговор на принцот Чарлс и принцот Филип

Принцот Филип, војвода од Единбург и сопруг на кралицата Елизабета, почина на 9 април 2021 година, а членовите на неговото семејство открија неверојатни детали за него во новиот документарец на Би-Би-Си.

Во новиот документарец на Би-Би-Си, принцот Чарлс ги откри деталите од последниот разговор со неговиот покоен татко, принцот Филип, непосредно пред да почине, пишува Дејли Меил.

Еден ден пред смртта на војводата од Единбург, Чарлс разговарал со својот татко за плановите да го прослави својот 100-ти роденден. Но сепак, Филип не сакаше да слушне или да зборува за тоа.

„Зборуваме за вашиот роденден“, му рече Чарлс на својот татко, откривајќи го во документарниот филм „Принцот Филип: Кралското семејство се сеќава“.

„Па, јас би морал да бидам жив за тоа, нели?“ Одговори Филип.

„Знаев дека ќе го кажеш тоа!“ – рече неговиот син.

Принцот Филип почина следниот ден, не славејќи го својот 100 -ти роденден.

Принцот Хари исто така беше интервјуиран за потребите на овој документарен филм, нагласувајќи дека неговиот дедо секогаш бил она што бил и го пофалил за тоа колку всушност ја поддржува својата сопруга, кралицата Елизабета.

„Од перспектива на баба ми, кога имаш некој на рамо 73 години брак, навистина не може да биде подобро од тоа“ – истакна Хари.

Зара Тиндал откри дека Филип мразел што старее, како и дека е најлош пациент на светот.

„Сепак, никогаш не сте подготвени да изгубите некого, бидејќи тој секогаш бил таму“, рече таа.

Документарниот филм ќе биде објавен на 22 септември.