Во периодот од 11 до 17 јули, во Грција се регистрирани 148.435 случаи на Ковид-19, од кои 18 отсто се реинфекции, починаа 200 лица, а 115 се приклучени на апарати, се наведува во седмичниот извештај на Националната организација за јавно здравје за ситуацијата со пандемијата во земјата.
Вкупниот број 148.435 потврдени случаи во изминатите седум дена се од 954.188 направени тестови, а стапката на позитивност е 15,56 отсто.