Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. UV=8
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.
До петок ќе се задржи стабилно и многу топло време. Во сабота во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа и во форма на невреме. Во недела и понеделник ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурата.