За неа моментално најмногу се зборува: Работела за неделни 150 евра, а сега има милиони

Многу полемики има за новото реално шоу „Јас сум Георгина“, кое се прикажува на Нетфликс, а кое ја подели публиката преку ноќ: за неупатените тоа е своевиден документарец на Георгина Родригез, партнерката на познатиот фудбалер Кристијано Роналдо.

Меѓу различните коментари можевме да прочитаме како таа „профитирала“ благодарение на Португалецот, и како ова реално шоу е „плитко и бајковито“.

Дали ваквите приказни навистина се случуваат во реалниот живот?

Имено, Георгина е родена во 1994 година во Буенос Аирес, но пораснала во Шпанија. Кога се зборува и пишува за неа, најмногу се нагласува дека пораснала во сиромаштија, и дека мудро го „уловила“ Роналдо. Нејзиниот живот, секако, не бил лесен, со оглед на тоа што пораснала само со мајка си, без татко кој бил на работ на законот.

Убавата Шпанка се занимавала со танц и манекенство, извесен период работела како келнерка, а како дадилка во англискиот град Бристол, за околу 125 фунти или помалку од 150 евра неделно, пишува Daily Mail.

Сега има околу 10 милиони долари нето вредност и годишен приход од 1,8 милиони долари.

Можеби не можеме да зборуваме за кариерата на Георгина како претерано успешна, или може да се запрашаме дали таа воопшто постои, но тука забележуваме и феномен: интересно е што Родригез, со тоа што иако не се омажи со Роналдо, стана ѕвезда на Инстаграм и вреди огромни пари.

Значи, таа не е ни приближно богата како нејзиниот партнер, за кој се проценува дека во 2022 година има нето вредност од 490 милиони долари, но секако е богата – а тоа е поради нејзините објави, реклами, влијание на мрежата.

Многумина се скептични за денешните модерни занимања, истакнувајќи дека тие не се „окупации“, но во секој случај: реалните шоуа и мрежи станаа профитабилен извор на приход за многу мажи, жени, модели, инфлуенсери, блогери и сите други.

Сепак, особено е интересно како таа го запознала славниот Португалец.

Фудбалерот го запознала додека работела како шопинг асистент во продавницата Гучи во Милано. Иронично или не, денес за многумина живее „живот од бајките“, облечена во истиот Гучи.

Во меѓувреме, извор од светот на модата рече: „Немојте да се изненадите ако ја видите Георгина во „Вог“ во одреден момент следната година. Таа е преубава, има одлична приказна да раскаже, а пред се, таа е некој за кого луѓето најмногу зборуваат“, објави Дејли Меил во декември 2021 година.

Како и да е, без разлика дали таа навистина има вистинска кариера или не, таа моментално се занимава со работа од која може добро да заработи. Можеби немала таков возен парк, вили и јахти, но успеала да заработи богатство преку интернет, мрежи и на Инстаграм ја следат повеќе од 30 милиони луѓе.