За поддршка во борбата против Ковид-19 – Словачка донација вредна околу 200 илјади евра

Преку механизмот за цивилна заштита на Европската Унија, како поддршка во борбата против КОВИД – 19, во касарната „Гоце Делчев” се изврши примопредавање на донација, што Словачка ја обезбеди за Македонија.

Донацијата вредна околу 200 илјади евра е составена од 15 големи шатори, генератори, хигиенски пакети, заштитни маски FFB2 и FFB3. На примопредавањето присуствуваа Никола Димитров, заменик – претседател на Владата задолжен за европски прашања и Национален координатор за странска помош во земјава, амбасадорот и шеф на Делегацијата на ЕУ Дејвид Гир, амбасадорот на Словачка Хенрих Маркуш и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џафероски.

.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното