Свет

За прв пат по 50 илјади години: Комета ќе биде видлива од Земјата

За прв пат по 50 илјади години: Комета ќе биде видлива од Земјата

НАСА објави дека блескавата зелена комета ќе биде видлива од Земјата за прв пат по 50.000 години. Небесното тело е составено од мраз и прашина и испушта зеленикава аура. Има пречник од околу еден километар.

C/2022 E3 ќе помине најблиску до Сонцето во четврток, а најблиску ќе се приближи до Земјата помеѓу 1 и 2 февруари. НАСА објави дека ќе биде видлив од северната хемисфера на утринското небо во текот на целиот јануари. На јужната хемисфера, кометата ќе биде видлива само на почетокот на февруари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни