Путин во Лужники се појави во јакна на италијанскиот бренд Лоро Пиана. Таа јакна чини околу 15 илјади евра. Кремљ, пак, го обвинува серверот за гафот за ТВ преносот на говорот на Путин.
Руската државна телевизија неочекувано го прекина преносот во живо од говорот на рускиот претседател Владимир Путин на преполниот стадион „ Лужники “ и продолжи да емитува снимки од публиката која пее патриотски песни.
На стадионот „Лужники“ во Москва, Путин ја одбележа годишнината од заземањето на Крим пред толпата навивачи. Насобраните вееја знамиња и скандираа „Русија, Русија“ додека тој држеше говор.
Додека Путин зборуваше, телевизијата одеднаш се префрли во друга рамка. Путин се врати на екраните околу 15 минути подоцна. Кремљ обвини се за техничка грешка. Целиот говор подоцна беше емитуван.
Московската полиција соопшти дека повеќе од 200.000 луѓе биле во и околу стадионот. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков , цитиран од новинската агенција РИА, изјави дека дефектот на серверот предизвикал прекин на преносот на говорот на Путин.
Путин им кажа на десетици илјади луѓе дека Русите „одамна немале вакво единство“.
– Знаеме што треба да направиме, како и по која цена. И ние апсолутно ќе ги реализираме сите наши планови – рече Путин.
Покрај прекинатото емитување, дел од јавноста заинтригира и јакната на Путин. Тој на Лужники се појави во јакна на италијанскиот бренд Лоро Пиана. Таа јакна чини околу 15 илјади евра.
