За седум години 1.200 млади лекари ја напуштиле државата

1.200 млади лекари ја напуштиле државата за рок од седум години. Патот за професионално докажување се бара надвор, во странските држави .

– Клубот се основаше кон крајот на минатата година како иницијатива која има за цел да ги вклучи младите во процеисте на одлучување, креирање на политиките во здравството. Клубот на млади лекари се стреми да се бори активно против непотизмот, клиентелизмот и корупцијата во здравството како главна причина за бекството на младите лекари, истакна денеска претседателот на Клубот на млади лекари, Никола Брзанов.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска по прес-конференција во Министерството за здравство истакна дека се во секојдневна комуникација со раководството на Клубот на млади лекари.

– Веќе почнуваме да правиме нешто со што имаме што да им понудиме за да останат во Македонија. Сите овие процеси на приближување кон НАТО и ЕУ, процесот на отворање на поглавјата, комуникацијата со нашите партнери во развиените европски земји, тоа што го инвестираме во платите, спроведувањето едукации сигурен сум дека ќе бидат мотив младите лекари да останат во јавното здравство. Со подобрување на условите во кои работат младите лекари ќе се мотивираат да останат да работат во земјата, додаде Филипче.

Извор: ТВ21