Македонија

За студентски живот се потребни до 33.000 денари месечно – Ходаи: И тоа без никаков луксуз!

За студентски живот се потребни до 33.000 денари месечно – Ходаи: И тоа без никаков луксуз!

Студирањето во Македонија станува сериозен финансиски товар за младите и нивните семејства, особено за оние кои живеат надвор од родителскиот дом.

Според податоците на Форумот за образовни промени, кои ги презентираше Бленди Ходаи во „Ноќно студио“ на 4ТВ, на студентите им се потребни од 23.000 до 33.000 денари месечно за покривање на основните животни трошоци.

„Според нашите податоци, на еден студент што живее во студентски дом му требаат месечно околу 23.000 денари. Тоа е околу 80 проценти од минималната плата. Додека ако живее со тројца цимери под кирија, му требаат околу 33.000 денари за да го преживее месецот“, изјави Ходаи.

Тој нагласи дека станува збор за средства потребни за основна егзистенција, а не за луксузен живот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни