За вакцините, верувајте ѝ на науката место на Фејсбук, повика Мет Дејмон

Американскиот актер Мет Дејмонд повторно повика на борба против коронавирусот, а како едно од најефикасните оружја ја наведе токму вакцината.

„Тешко ми е, имам неколку пријатели кои се имунокомпромитирани и не можат да се вакцинираат, така што немаат друг избор освен да се потпрат на нас останатите да си ја одработиме својата улога за да стигнеме до имунитетот на народот. Така јас гледам на тоа. Би сакал да излезе овој народ и да рече: „Видете, ако сите го сториме ова, тогаш ќе се заштитиме едни со други подобро“, отколку – „Па, јас не сум во оваа група и не мора да се грижам оти нема да ме повреди толку многу“. Само е треба да велиме „јас“, туку „ние“, вели Дејмонд.

Актерот посочува дека Америка е слободна земја и секој одлучува за себеси, но советува граѓаните да и веруваат на науката повеќе.

„Верувајте ѝ на науката повеќе отколку она што го читате на Фејсбук“, порача Дејмон.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното