За Велигден сончево и топло време – температурите над 20 степени!

Променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер ќе имаме до петок, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Како што велат, за време на најголемиот христијански празник Велигден кој е за време на викендот времето ќе биде стабилно, сончево и топло.

Минималната температура во текот на утрешниот ден ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени.

Во Скопје минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 23 степени. 

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното