За Владата 2019 ќе биде година на економски развој, автопатот Скопје – Блаце клучна мерка

Владата и премиерот , ветија  дека 2019  година ќе биде година на економскиот развој, и фокусот ќе биде ставен на подобрување  на животот на граѓаните .Како една од мерките , за министерот за Економија Бектеши , е автопатот Скопје – Блаце, кој беше  ветен уште од 2012 година. Според него   Министерството  подготвува и проект за преквалификација на вработените, бидејќи  во Македонија недостига квалификуван кадар за исполнување на потребите на пазарот.

„Во првото тримесечје, годинава,  ќе започнеме со реализација на автопатот Скопје-Блаце, каде истовремено ќе продолжиме со реализацијата на другите делници во земјата. Сме предвиделе рекордни средства што се однесува на финансиската поддршка на претпријатијата во Македонија. Како што знаете Стопанските комори во Македонија во неколку наврати се жалеа дека не можат да најдат адекватен кадар за работа, затоа ние предвидовме дополнителни  средства за преквалификација“, вели Крешник Бектеши.

По серијата на реакции  дека владата и градот Тетово , ја заборавиле Шапка , и ја оставиле на црна листа за инвестиции Бектеши, решение  за заживување на Попова Шапка  гледа во  јавно – приватно партнерство.

„Ние како Министерство за економија, кои сме за туризам  подготвуваме план, при што ќе се формира работна група во рамките на Владата, каде ќе се вклучат и разни експерти од областа на туризмот и ќе се обидеме да најдеме што побрзо решение и да го ставиме во функција туристичкиот центар во Попова Шапка. И јас како министер неколку пати имав средби со директорот на ЕЛЕМ турс, кои ги прават сите подготовки, моментално подготвуваме длабока анализа (due deligance)  за Попова Шапка, разгледуваме неколку опции, а една  од нив е да одиме со јавно – приватно партнерство“, рече Бектеши.

Инаку во извештајот на Светската Банка, објавен пред неколку дена, предвидениот раст на економијата на Македонија, за годинава е 2.9%, а до 2021 година е предвиден раст од 3.3%. оВој раст, според Светската банка е како резултат на прекинувањето на долгата политичка криза.

Репортер: Арменд Гаши

Извор: ТВ21