Никола Пановски во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека мерките за време на изборите биле одеднаш олабавени.
Тој смета дека требало да се олабавуваат постепено. Од тогаш била испуштена работата, и после тешко можело да се врати.
„Со изборите одеднаш се пуштија мерките. Требаше постепено. И после беше тешко да се вратат“, вели Пановски.
Тој смета дека е грешка што некои предвидувале дека во со летото ќе го снема и коронавирусот.
„Некои предвидуваа дека до јуни ќе заврши и готово. И тука се испушти контролата… Требаше мерките да бидат побавно испуштени и со контрола, и имајќи го во предвид менталитетот наш, мораше едукација“, рече Пановски.
.