Свет

За време на состанокот на министрите на Г7 – распетието било отстрането од салата

За време на состанокот на министрите на Г7 – распетието било отстрането од салата

За време на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Минстер, распетието беше отстрането од историската сала на мирот, потврди германската влада, но нагласи дека тоа не е направено по наредба на министерката за надворешни работи Анален Баербок (Зелените).

„Распетието е отстрането, но тоа е договор меѓу протоколот и градот Минстер“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи. Тој додаде дека како дел од подготовките за средбата во историската сала на мирот во Минстер, направени се уште неколку измени, од „технички причини“.

Истовремено, дневниот весник Westfälische Zeitung објави дека распетието е отстрането од салата на барање на Министерството за надворешни работи, што се објаснува со фактот дека на средбата учествувале луѓе со „различно верско потекло“.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок за министерскиот состанок ја избра Салата за мир, каде што беше потпишан Вестфалскиот мир во 1648 година, со кој заврши Триесетгодишната војна.

Градот Минстер потврди дека ова е првпат организаторот на состанок во историската сала да побара да се отстрани распетието кое се наоѓа во салата од 1540 година. Германија, Велика Британија, САД, Јапонија, Канада, Италија и Франција припаѓаат на групата седум индустриски најразвиени земји Г7, а Германија во моментов претседава со групата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни