Балкан

За време на викендот се затвора се, ваква одлука донесе кризниот штаб на Србија

На седницата на Кризниот штаб во Србија беа донесени мерки за претстојниот викенд, според кои во сабота и недела нема да работи ништо освен продавниците за храна, аптеките, здравствените установи, бензинските пумпи за полнење гориво, киосците и доставувањето храна. За разлика од претходниот викенд, мерките ќе стапат на сила во петок, на 12 март. на полноќ, дознава Блиц.

За режимот, односно мерките што ќе бидат на сила од понеделник, ќе се одлучи на нова седница во недела.

Потсетуваме дека има повторно зголемување на бројот на заразени лица, а тоа најдобро го илустрира фактот дека во последните неколку дена, скоро третина од сите испитаници биле позитивни на ковид-19.

Во средата, имаше 4.590 новоинфицирани лица, што е најголем број на позитивни тестови од 18 декември, кога беше пикот  на третиот бран на коронавирус.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни