ЗАБАВА: Мечки влегоа во базенот на соседите

Се повеќе мечки, во последно време сме сведоци на тоа, се приближуваат кон луѓето. Сепак, тие не го прават тоа затоа што им се допаѓаме.

Ни приоѓаат затоа што се гладни, но некои мечки се чини дека не се заинтересирани за храна, туку сакаат да уживаат во достигнувањата на цивилизацијата.

Тоа на своја кожа го почувствувало едно семејство, во чиј базен во задниот дел од дворот, кој се наоѓа веднаш до шумата се капеле неколку мечки.

Мечките се, всушност, добри пливачи и честопати скокаат во водата кога им е жешко, па однесувањето на овие младенчиња е прилично вообичаено. Плус, тоа беше нешто ново и забавно, па скокањето во тој чуден воден простор дефинитивно вреди да се проба.