Балкан

Забавата поважна од безбедноста?! – Во Србија поставен рингишпил веднаш до улица

Забавата поважна од безбедноста?! – Во Србија поставен рингишпил веднаш до улица

Во приградската населба Овча, во Белград изминативе денови бил поставен рингишпил со цел забава на децата.

Тоа и не би било толку страшно, доколку истиот не бил поставен веднаш до улица.

Утринава рингишпилот е отстранет, а полицијата веќе го идентификувала мажот кој го поставил.

Мештаните велат дека рингишпилот не е ништо чудно со оглед на тоа што наскоро ќе се одржи селска веселба и панаѓур.

„Вревата се крена веројатно поради видеото што се рашири низ мрежите, инаку овој рингишпил кај нас е нормална појава, го ставија на неколку дена пред веселбата“, велат тие.

Инаку, рингишпилот бил спроти училиштето Квин Мери, а веднаш до улицата каде поминуваат автомобилите и кога децата се вртат на него, како што се гледа на видеото, возачите мораат да кочат и да поминат.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни