„Забелешките од Венецијанската комисија се само совети“ – „Важно е каков материјал доставила Дескоска“

Законот за употреба на јазиците доби многу забелешки од Венецијанската комисија, каде се вели дека во одредени области законот оди многу далеку наметнувајќи им на јавните институции нереални правни обврски. Од Министерството за правда велат дека ќе ги почитуваат препораките откако ќе станат официјални. Универзитетскиот професор Башким Селмани вели дека   употребата на мајчиниот јазик е природно право кое не може да се негира. Тој смета дека државата нема обврска да ги спроведе препораките на Венеција, бидејќи, како што вели, оваа комисија е само советодавна.

Професорот по уставно право, Јетон Шасивари, вели дека Венецијанската комисија била во нашата земја во септември за консултации во министерството за правда и треба да знаеме каков материјал им е претставен. Секој обид за измена на законот, како што вели Шасивари, ќе наиде на пречки од пратениците Албанци поради Бадентеровото гласање во Собрание.

Во забелешките на Венецијанската комисија се вели дека во неколку сфери законот оди предалеку наметнувајќи им на јавните институции нереални правни обврски. Таков е случајот со одредбите со кои се предвидува употреба на албанскиот јазик на судските рочишта, за што е потребна повеќегодишна подготовка за да се спроведе во целост. Законот е усвоен во јануари 2018 без гласовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: ТВ21