Македонија

Заболен од Ковид-19 избегал преку прозорец во болницата во Гостивар

Во Гостивар е забележан необичен настан. Снимен е пациент како излегува од прозорецот на задната просторија на Одделот за инфективни болести, објави Фактор.

Фотографиите од овој момент ги пренесоа бројни медиуми, а во меѓувреме се уште нема реакција од болницата или полицијата во врска со овој случај.

Земјата се соочува со зголемување на бројот на заразени со Ковид-19. По Скопје, Гостивар и Тетово се најзаразените градови.

Од почетокот на пандемијата во Гостивар се регистрирани 7.503 случаи на коронавирус, додека во моментов има 1.394 активни случаи.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни